- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

На прекувремена работа во просек иде гратис слободен ден неделно

Прекувремена работа - Работник
284views

Неплатената прекувремена работа е во пораст, а работниците ширум светот за тоа можат да и се заблагодарат на пандемијата.

Еден од десет вработени неделно работат повеќе од 20 часа прекувремено и бесплатно, покажале резулатите од новата студија на АДП Истражувачкиот институт. Тој удел се зголемил два пати од почетокот на здравствената криза. Работниците во просек бележат 9,2 часа неплатени прекувремени работни часови неделно, во однос на 7,3 часа пред само една година. 

Advertisement

АДП Истражувачкиот институт анкетирал повеќе од 32,000 возрасни работноспособни луѓе од 17 земји, како би се измерило расположението на вработените кои се соочени со пандемијата.

„Менаџерите имаат одговорност да знаат колку работат нивните вработени. Мрзеливо и неодговорно е да му се препушти на работникот да му каже на менаџерот дали работел прекувремено“, вели Кевин Рокман, професор по менаџмент на бизнис школата на Универзитетот Џорџ Мејсон.

Advertisement
Advertisement

Таквата менаџерска пракса, вели тој, може да ги доведе поранливите вработени, како оние од недоволно застапените групи или со привремени работни ангажмани, во неповолна положба, бидејќи тие коишто се чувствуваат сигурно на своите позиции можат да бидат склони кон тоа да се изјаснат. 

Работниците работат прекувремено или да надоместат на колегите кои изгубиле или ги напуштиле работните места или едноставно да се изборат со дополнителните оптеретувања кои ги создала пандемијата, утврдил АДП. 

 

Северна Америка забележала најзначен раст на неплатената прекувремена работа, каде работниците во просек неделно работат прекувремено по девет час, што е пораст од 125 % во однос на годината пред пандемијата. Азиско – пацифичкиот регион, меѓутоа и понатаму предначи, со работна сила која во просек работи по десет часа неделна неплатена прекувремена работа.

Иако главната економискта на АДП Нела Ричардсон вели дека овој тренд довел до драматичен скок на продуктивноста, таа истакнува дека долгорочно е неодржлив. 

Но, не сите вести се лоши: 68 % од работниците велат дека примиле поголем надомест или бонус во изминатите година дена. Во Северна Америка тоа важело за 63 % мажи и 51 % жени.

Оние кои имале корист од тоа, како и потенцијалните заштеди на трошоци поврзани со работата на далечина веќе една година, можеби никогаш нема да сакаат да се вратат во канцеларија, вели Томас Малон, професор на школата за менаџмент при МИТ.

Малон вели дека компаниите би требало да ги земат во предвид овие заштеди на трошоци во прилика на изработка на плановите за враќање во канцеларија и да ги прашаат своите вработени како сакаат да работат. 

„Како општество имаме проблем со усогласувањето на различните ставови. Веројатно, најчесто она што сме го разговарале се се‘ лоши работи (поврзани со пандемијата). Малку луѓе зборуваа за добри работи, но мислам дека се важен дел од приказната“, вели Малон. 

Advertisement