СветСветот на работникотСиндикат

На работнциите им е потребна Директива која ќе стави крај на ниските плати

На работнциите им е потребна Директива - Работник
38views

Урсула фон дер Лајен совршено го опиша проблемот на Европа со ниските плати, без притоа да се обврзе кон солуциите: ставање на крај на минималните плати под прагот на сиромаштија и правото на колективно преговарање за сите, рече Генералниот секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, Лука Висентини по повод годишниот говор на Унијата на Претседателката на Европската комисија. 

„Претседателката на комисијата рече дека е ‘силен поддржувач’ на колективното преговарање. Но треба да ги образложи плановите за конкретните акции кои ќе им помогнат на 76 милиони работници кои моментално се исклучени од колективното преговарање преку кое треба да постигнат фер плати“, рече Висентини. 

Тој истакна дека Претседателката испратила чиста порака до земјите членки на ЕУ дека опоравувањето е само почеток и дека поддршката на приходите на 40 милиони работници кои работат на скратено работно време не треба да се повлече прерано. Вели дека ЕТУК се надева дека ќе слушне повеќе за потребата за социјална заштита за сите, за справувањето со несигурните работни места и импелемтирање на Европскиот Столб за Социјални права. Тој побара во името на ЕТУК, овие аспекти, комисијата да ги воведе во ЕУ програмата за Новата Генерација. 

Висентини нагласи и дека ја поддржуваат одлуката за новиот таргет од -55 % на емисии од зелен стаклен гас до 2030 година, но вели дека оваа политика треба да биде придружувана од политиките за „само транзиција“ и финансирањето на работниците да биде праведно.