ВестиСветот на работникот

На работодавачите нема да им се допадне сумата за која работниците би останале да работат во Македонија

Граѓаните постојано се иселуваат од Македонија. Една од главните причини за тоа е малиот стандард или ниските плати наспроти големите трошоци. Со оглед на тоа дека речиси секојдневно работниците апелираат дека треба да се зголемат платите, Порталот Работник спроведе анкета чие прашање гласеше: За колкава плата би останале да работите во Македонија?

На испитаниците им дадовме можност да одберат три одговори: од 30.000 до 40.000, од 50.000 до 60.000 и над 60.000 денари. Очекувано, повеќе од половина дел од нив (59,8 %) истакнаа дека сумата за која би останале да работат во Македонија е над 60.000 денари. За плата од 50.000 до 60.000 би останале да работат 36,2 %, додека за плата од 30.000 до 40.000 се одлучиле најмал број од испитаниците чиј процент изнесува 3,9 %.

Анкетата е спроведена на примерок од 129 испитаници во времетраење од 7 дена.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk