ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

На работ од силата: На полињата скапуваат работничките права, а не овошјето и зеленчукот

На работ од силата - Работник
94views

Странските работници кои живеат и работат на италијанските земјоделски земјишта за денеска најавиле штрајк.

„Ние сме добредојдени кога треба да се берат тиквици и домати за големите дистрибутери, но пречиме кога ги бараме своите права“, изјавил координаторот на синдикатот кој ги застапува земјоделските работници, Патрик Конде, со потекло од Конго.

Како што пишуваат италијанските медиуми, најголемиот дел од земјоделските работници се странци без дозволи за престој. Се проценува дека нивната бројка е помеѓу 300 и 600 ијади.

Нивниот статус веќе подолго време е предмет на расправа, а во парламентот пред десетина дена е усвоена одлука за регулирање на нивниот статус на три месеци.

Меѓутоа, земјоделските работници штрајкуваат бидејќи со најновата мерка е регулиран статусот само на третина од вкупно присутните странци кои живеат и работат во Италија, и тоа само на одреден период.

Се бунат и поради тоа што мораат да работат во ек на пандемијата на вирусот Ковид – 19, а притоа не им е обезбедена никаква заштитна опрема со што, како што велат, нивната инаку драматична состојба е дополнително отежната.

Конде, кој има италијанско државјанство, изјавил дека ги „застапува интересите на луѓето, жените и децата, невидливи и незаменливи на земјоделските земјишта кои поради својот нерешен статус се најслабата карика во индустријата за производство на храна“. Додава дека се „изложени на уцени од страна на големите дистрибутери“.

Упатиле апел до потрошувачите, во знак на солидарност да купуваат овошје и зеленчук кај малите продавачи (барем овие два дена), а не во супермаркетите кои се дел од оние групи кои животот и работата на странските работници ги прават неподносливи.