Занимливости

На Флорида е толку студено што од дрвата паѓаат смрзнати игуани

На Флорида - Работник
150views

Метеоролозите во јужна Флорида најавиле во вторникот попладне дека страшен студ би можело да доведе до тоа да игуаните започнаат да паѓаат од дрвјата, а потоа тоа и се случило.

„Ова сигурно не е просечен ден на Флорида. Ве предупредуваме, очекувајте ‘дожд од игуани’ – соопштиле метеоролизите, а потоа навистина жителите на улиците започнале да гледаат разфрлани тела на игуани.

Имено, кога силен студ ќе ја зафати земјата, игуаните едноставно престануваат да се движат. Тие стануваа неподвижни и едноставно повеќе не можат да се држат за гранките. Смрзнуваат кога темепературата ќе падне под 10 степени Целизусови.

Биолозите им порачаа на жителите на Флорида да не се грижат бидејќи игуаните ќе се разбудат кога ќе се стопат.

Меѓутоа, месото од игуаните започнало веднаш да се продава преку интерент, известил „Мајами Хералд“.

„Сезоната на мангото можеби трае со месеци, но доколку денеска сте на Флорида на вашето дрво можете да берете игуани“, наведува Хералд.