СветСветот на работникотСиндикат

На штрајкувачите со глад утрово им се приклучиле уште шестина работници

На штрајкувачите со глад - Работник
181views

Дванаесет работници на ЈКП Зеницатранс за превоз на патници од Босна и Херцеговина во недела во 15 часот започнале нов, втор штрајк со глад овој месец, а утрово им се приклучиле уште шестина колеги, рекол во изјава за Фена, претседателот на синдикатот, Хусо Сарван.

„Тие се во штрајк со глад за кој јас, лично, не сум. Не сум за тоа луѓето на ризик да го излижуваат своето здравје и здравјето на нивните семејства. Тие едноставно сами се одлучија на овој чекор, за да им укажат на надлежните дека е крајно време нашите проблеми да се решат и да се прекине агонијата во која се наоѓаме“, рекол Сарван.

Потсетил дека Градскиот совет заседавал во четвртокот, но на него не била донесена никаква одлука, па тие продолжуваат со своите редовни активности, во кои е вклучна и блокадата на Автобуската станица.