ЕкономијаМакедонија

НБРМ ја намали основната каматна стапка

Народна Банка - Работник
188views

Народната банка ја намали основната каматна стапка на 2%. На потег се банките да ги поевтинат кредитите.  Простор за натамошен пад на рефернетната камата, која е основа за формирање на каматите на деловните банки,  има, оценил Комитетот на НБРМ. Одлуката за олабавување на монетарната политика се темели на поволните движења на девизниот пазар што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. “,се наведува во  соопштението на Централната банка. .

Банкарите велат –  во претстојниот период ќе направиме пресметки – ако има простор ќе ги намалиме каматите  на кредите, но ќе паднат и на заштедите на граѓаните и фирмите. Трендот на намалување на каматите одамна е почнат и ќе продолжи и во иднина. Но,  за колку и кога ќе се намалат, допрва ќе одлучуваат.

Велат дека падот се должи пред се на поголемата конкуренција во банкарскиот сектор и трката за повеќе клиенти, а помалку на намалувањето на  рефернтната камата, која во моментов е на историски најниско ново. Предизвик ќе биде како да ги натераат граѓаните  и фирмите заштедите да ги чуваат во банка кога и тие камати се намалуваат. Инаку стабилноста и ликводносота во  банкарскиот сектор и натаму е голема, а на високо ниво се и  девизните резерви.

Народна Банка – Работник

Извор: Сител