ЕкономијаСвет

Неверојатна заштеда: Работата од дома им зачувала речиси 100 милијарди долари

Неверојатна заштеда - Работник
59views

Американците дневно штеделе 758 милиони долари од почетокот на пандемијата од коронавирусот, пресметувајќи го и потрошеното време и трошоците за пат, со тоа што ги редуцирале одењата до работа, покажало новото истражување на економистот од Upwork, Адам Озимек. 

Ова придонесува за вкупното економско влијание од речиси 91 милијарда долари, покажало истражувањето на оваа фриленсинг платформа. 

Заштедите се поделени во неколку категории, вклучувајќи ги директните трошоците и времето, при што времето носи најголема економска корист. 

Ако просечната врдност на еден час поминат во патување со автомобил е 12,5 долари, Американците колективно заштедиле 411 милиони долари дневно, престојувајќи дома. 

Помалите патувања до бензиските пумпи или сервиси додава уште 183 милиони долари дневна заштеда. 

Намалувањето на несреќите, загадувањето и другите социјални влијанија придонеле со 164 милиони долари повеќе во касите, заклучено е во истражувањето кое се темели на неколку економски студија, вклучувајќи го извештајот од 2019 година за трошоците за патување до работа.

Кога се во прашање Американците кои се возеле на работа пред пандемијата, секој од нив досега во просек заштедил повеќе од 2,000 долари работејќи од дома од средината на март. 

Патниците заштедиле повеќе од 70 минути дневно во областите како што се Њујорк, Вашингтон и Сан Франциско.