- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Невладиниот сектор бара поголема транспарентност за ефектот од владините мерки

Невладиниот сектор бара - Работник
129views

Кои економски мерки помогнале, а кој не. Според невладините организации не постојат јавно достапни анализи за тоа какви резулатите дале трите пакети за спас од пандемијата. Велат дека ваква  се отвара сомнеж дали во новиот четврт по ред пакет мерките ќе бида креирани според потребите и на компаниите и на граѓаните. Од друга страна пак оние малку податоци кои биле објавени биле конфузни – за иста мерка разлини инситуции објавиле различни бројки.

Сметаат дека исти мерки не можат да важат за сите дејности, затоа што не сите сектори имаат исти потреби.

Advertisement

Предлагаат во следниот период инситуциите да бидат потранспартетни, на нивните  интернет страниците  да  се  објаваат  проценките за потребните пари за секоја економска мерка, да се формира и база во која дневно ќе се објавуваат податоците за степенот на реазлиација на мерката.

Владата најави дека до крајот на неделава ќе биде донесне новиот пакет. Бизнис заедницата неколку пати апелираше да се побрза со мерките, затоа што фирмите повеќе од два месеци се без поддршка и некој компании може да почнат да делат откази.

Advertisement
Advertisement

Извор: Сител

Advertisement