ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Невработеноста во ЕУ ќе се дуплира доколку не се продолжат мерките за поддршка на вработените

Невработеноста во ЕУ - Работник
62views

Невработеноста во Европската унија може да се зголеми на 30 милиони без продолжување на ЕУ и националните Ковид мерки за поддршка на работниците, открива новото истражување на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК. 

Досега има околу 15,9 милиони невработени луѓе во ЕУ, бројка којашто е зголемна за 2 милиони од почетокот на пандемијата во месец март, велат од ЕТУК. 

Според ЕТУК, ситуацијата дополнително би се влошила без национални краткорочни мерки за поддршка на работниците – поддржани од програмата на ЕУ, SURE, за којашто ЕТУК проценува дека моментално ги заштитува работните места и платите на најмалку 39,6 милиони работници. 

Од ЕТУК предупредуваат дека ненадејното прекинување на овие мерки може да стави најмалку 14 милиони работни места во опасност и тоа директно, додека на уште милиони работници ќе им опаднат приходите. 

ЕТУК предупредува, врз база на информациите од неговите национални подружници, во писмото испратено до министрите за финансии и вработување на сите земји членки. 

Писмото ЕТУК го испрати, откако земјите членки започнаа да одлучуваат дали да ги продолжат краткорочните мерки. Поглемиот дел ги продолжија мерките до 2021 година, но другите размислуваат да ги прекинат до крајот на годината. 

ЕТУК ги повикува Министрите да: 

  • Да ги продолжат краткорочните мерки додека не се изнајдат мерки со кои целосно би се опоравила економијата и додека не се стабилизира пазарот на трудот. 
  • Се справи со постоечките проблеми кои ги предизвикува непокривањето на самовработените работници и несигурните работни места со овие мерки.
  • Да осигура работнциите да имаат право на информации, консултации и учество во реструктуирање на процесите во компаниите.