- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Невработеноста во Македонија намалена на 17,1 %

Невработеноста во Македонија - Работник
410views

Стапката на невработеност во третиот квартал годинава се спушти на 17,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, бројот на невработeни лица во третото тримесечје изнесува 164.702, a бројот на вработени изнесувал 799.564. Активното население во земјава изнесува 964.248 лица.

Advertisement

Стапката на невработеност во однос на последниот квартал е намалена за 0,4 отсто, кога изнесувала 17,5 отсто, а во првиот квартал 17,8 отсто.

На крајот на минатата година стапката на невработеност изнесуваше 20,7 отсто.

Advertisement
Advertisement

Advertisement