ЕкономијаСвет

Негувателите во Германија заработуваат потпросечна плата

Негувателите во Германија заработуваат потпросечна плата - Работник
198views

Негувателите на стари лица во Германија работат напорно, притоа заработувајќи потпросечно. Тоа е неправедно, вели Марина Нетер.

Миење, облекување, разговор – Марина Нетер е барана е за се. Заработува 1.500 евра месечно, или 75% од просечната плата во Германија.

„Ништо не се менува. Ме разбеснува тоа што правиме толку многу за општеството, а тоа никој не го гледа“, вели Марина Нетер.

Секогаш е под временски притисок. Во просек има само 8 минути за секој пациент. Понекогаш работи по 14 дена едно по друго. Малата плата е само еден од проблемите.