- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Неделков: Да не се прави дискриминација – сите наставници да работат онлајн

Неделков: Првата средба со Министерката Царовска - Работник
267views

Епидемиолозите велат дека децата многу помалку се заразуваат од коронавирусот, меѓутоа се големи преносители на вирусот, а со тоа постои можност голем дел од наставниот кадар да се зарази, вели Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков во изјава за АлсатМ.

Тој посочи дека СОНК остро реагира и бара целиот наставен кадар, од 1 одделение, па до четврта година, средно образование, да работат онлајн. 

Advertisement

Неделков на својот фејсбук профил објави статус во кој вели да нема дискриминација на наставниците од прво до трето одделение. Сите наставници да бидат безбедни по своето здравје, со изведување на настава од далечина

Имено, Министерството за образование и наука го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести наставата да се изведува онлајн, освен од прво до трето одделение, каде што наставата ќе може да се одвива комбинирано и во општини каде што има помалку ученици, наставата ќе може да се одвива со физичко присуство или комбинирано, но крајната одлука за тоа треба да ја донесат родителите.

Advertisement
Advertisement

Бобан Илијевски 

Advertisement