МакедонијаСиндикат

Неделков оствари средба со Градоначалникот на Гостивар: За надминување на дел од локалните проблеми треба да помогне централната власт

Работна средба со градоначалникот на општина Гостивар.
Разговаравме за заедничко решавање на проблемите што се од заедничка надлежност. Ги отворивме прашањата за финансирање на градинките и училиштата преку новата методологија на блок дотации, реформите во образованието – едносменско училиште, процесот на оптимизација, трансформации на приправницире во градинките и т.н.
Средбата беше конструктивна со искрени заеднички желби за социјален дијалог помеѓу двете институции, но со забелешка дека, за надминување на дел од проблемите на локално ниво треба да помогне и централната власт, особено со реална пресметка на блок дотациите.