МакедонијаСиндикат

Неделков: Се вршеше жесток притисок за да се спречи овој протест

Неделков: Се вршеше жесток притисок за да се спречи овој протест - Работник
653views

Помалку почит за оние кои што се исплашија, коишто ја свиткаа кичмата, кои што поради притисоците од претпоставени или други структури, денеска најдоа еден куп изговори зошто не можат да дојдат, рече Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македнија – СОНК, Јаким Неделков, на протестот пред Владата на РС Македонија. Тој им се заблагодари на сите што дојдоа на протесот и покрај високите температури.

„Имајќи ја силната поддршка од меѓународната заедница и од сите вас, па се надевам и од многу други наши членови. Јас не се сомневам во иднината на нашиот синдикат и на успехот во нашите барања. Во текот на овие неколку денови, се вршеше жесток пристисок да се спречи денешниот протест. Пред се Владата донесе одлука денешниот ден да се прогласи за работен, во јавниот сектор во Скопје. Неприфатливо е за установи кои што го имаа одработено, денешниот ден повторно да одат на работа. Особено детските градинки. Од ова место кажувам, доколку не се исплати дневница за сабота директорите ќе добијат тужби“, рече Неделков пред присутните членови и работници.

Тој истакна дека во текот на вчерашниот и завчершаниот ден, во организација на Конфедерација на слободни синдикати и СОНК, во два наврати се обиделе да направат прес – конференции, но ниту еден новинар не се отповикал на поканата за прес – конференцијата.

„Не се виновни новинарите, виновни се нарачателите. Но, сепак наши драги колеги, тука сме повеќе, отколку што се надеваа дека ќе бидеме.  Од денешниот ден, гранските синдикати при КСС, вклучувајќи го СОНК, нема да имаат повеќе конструктивни социјални дијалози и партнерски односи. СОНК веќе тоа не го прифаќа, Конфедерација на слободни синдикати тоа не го прифаќа. Веднаш бараме од Владата да излезе, да ги прими повторно барањата, што ги доставивме до неа и да излезат со конкретни предлози за надминување на состојбите во дејностите на јавниот сектор“, наведе Неделков.

Тој објасни дека ако многу брзо не се најдат соодветни решенија, даде ветување дека ќе направи се со помош на други легитимни средства да ги остварат своите права.

Истакна дека ветувањето на зголемени плати во градинките е многу неизвесно. Рече и дека се обидуваат да ги растурат со тоа што на едни им зголемуваат плати, на други не.

„На тој начин го прават синдикатот да биде виновен, зошто не ги заштитил правата на работниците. Во културата направија комплетен хаос со нивелацијата на плати. Некој се радуваат, а некој плачат, на сметка на тоа што понудивме решение на прооблемите во културата“, рече Неделков.

Додаде дека во образованието е најлоша ситуацијата. Во високото образование и наука со децении нема потпишано колективен договор, има шаренило во односн на плати коишто се непристојни за дејноста високо образование и наука.

Наведе дека во основно и средно образование има особено ниски плати, што се далеку под просекот во државата, соседните држави и Европа.

Им порача да веруваат во синдикатот, бидејќи тие во најбрзо време ќе гледаат да ги остварат зацртаните цели.

Пред пристните се обрати и Фатон Чиче, Претседател на Регионалниот Одбор на СОНК, Чаир.

Тој на албански јазик го искажа незадоволството од состојбата во образованието и рече за да биде човек господин, треба да има пристојна плата.

Модератори на протестот беа актерите, Снежана Коневска – Руси и Ердоан Максут.