ЕкономијаМакедонија

Недостатокот на работници ги „брка“ странските партнери од државата

Недостатокот на работници - Работник
337views

Од три до пет проценти се намалил бројот на вработените во текстилната индустрија. Дел од помалите конфекции се затвораат. Освен иселувањето една од причините е повлекувањето на странските партнери.

Демотивираноста на младите и стареењето на вработените во оваа индустрија се главните проблеми и според текстилниот кластер. Од оваа гранка бараат сериозна Стратегија за развој на текстилството, но и  поради недостатокот на кадар начин да се оживеат средните текстилни училишта и факултетите. Сметаат и дека државата доцни кога треба да се исполнат барањата на бизнисот.

– „Мерката  за субвенционирање на дел од придонесите требаше да стапи во сила уште пред две години во моментот кога ја бараше текстилниот сектор, затоа што сега нема да го даде истиот ефект“, велат од текстилниот кластер.

Работодавачите сметаат дека проблемот со конкуретноста ќе се намали со вложувањето во современа опрема и зголемување на продуктивноста.

Од граѓанскиот сектор сметаат дека дел од проблемот со намалувањето на бројот на работници е  мотивираноста и ниските плати. Нивните истражувањата покажуваат дека дури 70 проценти од вработените во овој сектор не се платени за прекувремената работа.

И статистички гледано текстилството во државата оди по надолна линија, иако заедно со кожарската индустрија сочинуваат околу 20 проценти од вработените во државата.

Извор: 24вести