КолумниСветСиндикат

Нееднаквоста помеѓу родовите ЕУ ја чини 370 билиони евра годишно

Нееднаквоста помеѓу родовите - Работник
171views

За да се пренесе директивата на Европската Унија за балансот помеѓу работниот и приватниот живот од хартија во пракса потребни се одлучни синдикати и надминување на предрасудите, пишува Џулија Бир во својата колумна објавена на Social Europe.

Во колумната таа истакнува дека порано оваа година, Европската Унија усвоила легислатива за балансот помеѓу работниот и приватниот живот, наменета за да им помогне на родителите и старателите да ги комбинираат работниот и приватниот живот. Дали е тоа чекор напред? Дефинитивно. Но во ниеден случај не е крајот на битката за овозможување на жените еднакви можности на пазарот на трудот и овозможување на работниците да се грижат за нивните деца на човечен и безстресен начин.

Според неа, последователно, синдикатите на европско, национално и локално ниво биле активно вклучени, не само во „гурањето“ на ЕУ Владите за да го вметнат законот во нивната легислатива што е можно побрзо, но и во преговарањето на дури подобри аранжмани за балансот на приватниот и работниот живот. Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК објави извештај за исходот на 10 нејзини членки од истражувачкиот проект за ребалансирање на работниот и приватниот живот.

Во 2018 година, стапката на вработеност на жените во ЕУ достигна 67 проценти, споредено со 79 проценти на мажите, иако жените се многу поквалификувани. Таргетот на ЕУ е вработеноста до 2020 година да биде 75 проценти, но жените сеуште изостануваат. Сегашната нееднаквост ја чини Европа околу 370 билиони евра годишно или 2.8 проценти од БДП. Ова може да се поправи само со пофер баланс помеѓу работниот и приватниот живот, пишува Бир во колумната.