Независниот полициски синдикат за 8 дена повторно ќе излезе на протест на улиците во главниот град Скопје. Овој пат демонстрантите на 16 ноември ќе чекорат по неколку улица и со мирен марш ќе го искажат револтот и барањата, за, како што велат, правото на достоинство на полицијата. Под мотото „И јас имам право на достоинство”, на протестен марш групата ќе се собере кај трговскиот центар „Мавровка”, од тука ќе маршираат кон „Веро”, потоа кон Собранието, па Министерството за правда и на крајот маршот ќе заврши на адреса на Владата, пишува Република.