МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Независниот полициски синдикат се жали: Полицаец без пиштол, како новинар без микрофон

   Време за читање помалку од минута

„На претставниците на Независниот полициски синдикат и натаму им се врши притисок од началниците“, вели претседателот на независниот синдикат Гоце Делчев Тодев.

Според него, на полициски службеник од Струмица, Ацо Балтовски, одземен му е пиштолот, изречени му се 7 дисциплински мерки и му се подготвувала кривична пријава бидејќи возел 10км/ч побрзо од дозволеното и дека не се вратил на време од пауза.

Марјан Ристески, претседател на полициската конфедерација смета дека овие притисоци се вршат само затоа што тие се дел од Независниот синдикат на полицијата.

Фиданчо Петров, потпретседател на синдикалната структура на независниот синдикат на полицијата, вели дека тој веќе 9 години работи без пиштол и сега му фрлиле око на неговиот колега Ацо Балтовски. Петров има прашање до министерот, објави ТВ21.

Целосниот текст прочитајте го тука