МакедонијаСиндикат

Независниот полициски синдикат се жали од напади врз полициски службеници

Независниот полициски синдикат - Работник
85views

Бројни се нападите врз полициските службеници, кои немаат друг избор, освен да постапуваат според законските овластувања во дадената ситуација. На ова денеска се пожалија од Независниот синдикат на полицијата, чии членови изминатата вечер биле нападнати во Лисиче.

Претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев Тодев објаснува дека се работи за двајца полициски службеници нападнати додека биле на службена задача:

„Ноќва во Лисиче имаме напад на униформирани полициски службеници додека биле на извршување на задачите, а нападнати се при легитимирање на малолетници и еден полнолетен граѓанин. Едниот од нив се здобил со тешки повреди на главата, а на другиот му е искинат прстот. Секој ден имаме тепање од хулигани или криминалци на полициските службеници“, пишува ММС.

Целосниот текст можете да го прочитате тука