- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Незаконски отказ на Претседателот на Синдикатот за уготителство и туризам (СУТ)

Незаконски отказ на Претседателот - Работник
487views

Синдикат за угостителство и туризам (СУТ) при КСС реагира на решението на Трудовиот инспекторат како крајно тенденциозно, политичко мотивирано и со непочитување на Законот за работни односи, соопштија од КСС.

„Зошто сметаме дека тоа е така? Имено при претставка од синдикатот за незаконско отказно решение на Претседателот на СУТ којшто е заштитен согласно ЗРО, член 200, работодавачот носи решение каде што го прекршува Законот и му доделува отказ, а во истото решение констатира дека е направен состанок/консултација со претставникот на вработените“, велат од КСС. 

Истакнуваат дека согласно позитивните законски прописи на РМ, Решението од Централен Регистар е единствено легално и легитимно, законски документ каде стои дека законски синдикален претставник е лицето Роберт Митровски кому му е даден отказ.

Посочуваат дека Инспекторатот игнорирајќи законски легитимен документ прави упад и укажува дека е направен состанок со претставник на вработените игнорирајќи документ издаден од Централен Регистар на РМ.

„Хаосот станува уште поголем, кога синдикалниот претставник треба да се пријави во АВРМ за надоместок во случај на невработеност, од каде добива одговор дека не може да го стори тоа бидејќи тој е синдикален претставник“, велат од КСС. 

Па оттука прашуваат кој е во право, работодавачот што го игнорира законот и трудовиот инспектор кој го легализира кршењето на законот во делот на член 200 од ЗРО или АВРМ и Централниот регистар? Велат дека тука станува збор дека некој направил кривично дело, па затоа го повикуваат Јавното Обвинителство итно да изврши увид и покрене соодветна постапка за сторено кривично дело.

Велат  дека сето ова јасно покажува како работодавачите во тесна соработка со Власта се пресметуваат со синдикалните лидери со цел згаснување на синдикалните активности и рушење на работничките права.

„Во овој случај Претседателот на грански синдикат при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, кој треба да биде заштитен и од Трудов инспекторат според ЗРО и конвенциите на МОТ како и Министерство за труд и социјална политика кое промовира решавање на работни спорови, а во суштина спроведува незаконски и кривични дела не е заштитен од ниту една институција“, посочија од КСС. 

Порачуваат дека се додека системот се однесува на ваков дискриминирачки, незаконски и агресивен начин кон работниците, особено кон синдикалните лидери, Македонија ниту ќе има прогрес, интегритет, а најмалку демократија за која и се стреми.

Истакнуваат дека Синдикатот за угостителство и туризам преку КСС ќе ги информира сите меѓународни пријатели и соработници со кои се во сојуз и имаат целосно почитувачки и професионален однос и нема да сноси никаква одговорност за непочитување и поништување на законите и демократијата од погоре наведените институции.

Можеме да кажеме дека на овој Ваш безкорпулозен чин со кој имате намера да ги замолчите синдикалните организации во Македонија ќе одговориме со синдикални легитимни мерки, солидарност на дело, доколку разбирате, порачаа од КСС.