ЕкономијаСвет

Неизвесна е иднината на компанија стара 178 години: Милијарда евра се потребни за да опстане

Неизвесна е иднината на компанија стара 178 години - Работник
49views

Во Велика Британија се случува драма во најстариот тур – оператор на светот, компанијата Томас Кук, стара 178 години.

Потребни се милијарди евра за да компанијата Томас Кук која прва на светот организирала патувања во вид на туристички аранжмани во далечната 1841 година, продолжила да постои и после овој септември.

Постара од оваа компанија е Кокс и Кингс (која постои преку 260 години), но оваа компанија била задолжена за организација на патувања на воениот персонал од Англија до Индија и на почетокот не работела со класични туристички патувања.

Томас Кук денеска се соочува со најголемата криза во својата историја. Оваа компанија е во преговори со кинески инвеститор кој би требал да вложи околу една милијарда евра за да компанијата продолжи да постои, пренесува порталот Авиатика.

Неизвесноста од договорот со Кинезите ги натерала државните регулаторни тела да започна со подготвоки, во случај Томас Кук да прогласи банкрот до крајот на септември кога е рокот за постигнување на договор. Во рамките на компанијата постои и авиопревозник, па поради тоа е алармиран и британскиот директорат за цивилно воздухопловство кој веќе работи на подготвка на планот за превоз на илјадници туристи кои би можеле да бидат оставени на најразлични туристички дестинации ширум светот.

Што се однесува на самиот тур – оператор, неговите патници се заштитени со АТОЛ програмата. Оваа програма на осигурување која е обврзна за сите британски тур – оператори, им дава гаранција на патниците дека нема да им пропаднат уплатените пари и дека ќе може да се вратат дома во случај компанијата да банкротира.

Томас Кук моментално е член на АТОЛ програмата, но членството на компанијата нема да биде обновено од 1 октомври, доколку до тогаш не се постигне договор со инвеститорот.

Од друга страна, од компанијата тврдат дека договорт ќе биде постигнат и дека патниците немаат причина за грижа.

Во сеќавањето на јавноста, меѓутоа е колапсот на авиокомпанијата Монарх ерлајнс минатата година, кога десетици илјади патници останале заробени на аеродромите ширум светот.

Во сопственичката групација на Томас Кук, освен главниот тур – оператор, се наоѓаат и неколку туристички агенции, онлајн резервациони системи, бројни регионални подружници, ланец на хотели и резорти и две авиокомпании, Томас Кук ерлајнс, како и германскиот Кондор.