Наука

Неквалитетниот сон може да го зголеми стресот за 30 отсто

Неквалитетниот сон - Работник
78views

Низа на проблеми поврзани со неквалитетен сон можат за третина да го зголемат нивото на емоционален стрес кај поедниците, покажува новата студија на научниците од калифорнискиот Универзитет Беркли.

Тие неодамна спровеле истражување со кое сакале да пронајдат на кој начин неквалитетниот и лош сон можат да влијаат на менталното здравје на некоја личност.

За време на студијата испитани се речиси 330 луѓе на возраст од 18 и 50 години, а нејзините резултати биле објавени во стручното списание Nature Human Behavior.

Во првиот дел на студијата научниците користеле магнетна резонанца и полисмнографија (студија за спиење) за да ги измерат мозочните бранови кај 18 млади луѓе додека гледале некои емоционални видео снимки. Потоа, еднаш ги набљудувале по квалитетен и добар сон, а вториот пат по непреспиена ноќ.

Недолого откако ги прегледале видео снимките, учесниците во студијата биле замолени да потполнат една анкета со која го процениле нивото на стресот, пишува Independent.

Научниците откриле дека после неквалитетниот сон во текот на ноќта медијалниот префронтален кортекс во мозокот на испитаниците кои придонесува за ублажување на анксиозноста, не функционира онака како што би требало. Истовремено откриле дека „подлабоките“ емоционални центри на мозокот се претерано активни.

Резултатите биле повторени и во друго истражување во кое учествувале 30 испитаници, во дваесетите, триесетите и четриесетите години од животот.

Истовремено е спроведена и онлајн студија со која се мерел квалитетот на сонот и нивото на анксиозноста кај 280 млади и средовечни луѓе во период од четири дена.

Се покажало дека неквалитетниот сон може да го зголеми нивото на емоционалниот стрес кај некои личности за дури 30 посто.

Професорот Метју Вокер, еден од авторите на студијата, рекол дека неговите колеги успеале да ја идентификуваат новата функција на длабокиот сон, онаа која ја намалува анксиозноста во текот на ноќта на начин што ги реорганизира врските во мозокот.

Др. Ети Бен Симон, една од авторките на студијата рекла дека истражувањето упатува на тоа дека недоволната количина на сон го зголемува нивото на анксиозност и обратно, односно дека длабокиот сон придонесува за намалување на таквиот тип на стрес.

„Личностите кои патат од анксиозни пореметувања редовно се жалат на пореметување во шаблоните на спиење. Но, подобрувањето на квалитетот на сон ретко се смета за клиничка препорака за намалување на анксиозноста. Нашата студија не само што воспоставува директна врска помеѓу сонот и анксиозноста туку и препознава вид на длабок сон кој ни е многу потребен за смирување“, рекла Симон.

Голем број на адолесценти на возраст помеѓу 12 и 18 година во текот на ноќта би требало да спијат од осум до девет часови, а на возрасните личности на возраст од 18 до 65 години има се препорачува сон во траење од седум до девет часови.

Неодамнешното истражување открило дека доколку спиењето преку ноќ е пократко од шест часа може да се дуплира ризикот на смрт кај луѓето кои патат од хронични болести.

Последиците од несоницата следниот ден ги чувствуваме како замор. Заморот е телесен и психички феномен кои се одразува на концентрацијата, пореметувањето на вниманието и памтењето.

Ненаспиената личност полесно греши во работата, како и е несигурна и иритантна. Истовремено се намалува и нивната толеранција на стресот.