- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Нелоски: Има 40 илјади луѓе кои останале без работа, немаат за леб

132views

Во тоа дека СДСМ може подобро и повеќе видовме дека можат уште повеќе со тоа кога еден функционер доби „голема“ казна за шверц со цигари и потоа член на негово семејство доби дозвола за одлгледување на марихуана. Ова е правдата на СДСМ, но тоа не е правда, рече Владимир Нелоски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.

Според Нелоски, СДСМ прави само работи за кои не зборуваше во предизборието како што беше со покачување на цената на струјата.

Advertisement

-Граѓаните ќе бидат нервозни кога ќе им стигнат сметки за парно повисоки за 7,5 проценти, а тоа не беше никаде кажано. Тоа е така поради фактот што СДСМ прави непрокутивни трошоци, има договори со универзалниот снабдувач, и преку фирмите за енергетика СДСМ со фирми блиски до нив испумпува средства, кажа Нелоски.

 Тој укажа дека мора да има одговор за големи проблеми на граѓаните кои се поврзани со преживување.

Advertisement
Advertisement

-Има 40 илјади луѓе кои останале без работа, без леб кои не знаат како да купат прибор за училиште за своите деца. За ова треба решение и одговор од Владата, вели Нелоски.

Според него „Европа нема да дојде во Македонија се додека фирми блиски до владеачката партија добиваат државна помош или министри сами си доделуваат помош за свои фирми“.

-Токму поради вакви појави младите, а и сите воопшто си заминуваат од Македонија, посочи Нелоски.

Извор: Лидер 

Advertisement