Тоа е закон кој што ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност и за исклучук во реалниот сектор, каде работникот и работодавачот со заемен интерес би се договориле за продолжување на работниот век – одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Министерката ги најави законските измени за пензионирање кои влегуваат во законска процедура, според кои работниците кои наполниле 64, односно 62 години, задолжително ќе одат во пензија.

Шахпаска рече дека ова нема да важи за здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.

За ситуацијата со градинките, Шахпаска тврди дека во нив засега има слободни места, а доколку дојде до ситуација да се пополнат сите постоечки капацитети општините имаат препорака да обезбедат алтернативни решенија за сместување на дечињата.

„Нашата анализа говори дека има запишани деца во градинка кои родителите не ги носат. Испратен е допис до градинките да ги контактираат родителите на тие деца за да се ослободат места кои на некои родители им се неопходни“, рече Шахпаска.