ПравдаСветот на работникот

Нема да има парични казни за работодавачите кои не набавиле маски за вработените

Нема да има парични казни - Работник
54views

Работодавачите нема да бидат парично казнети ако не набават заштитни маски за работниците, а со самото тоа ниту вработените нема да бидат казнети доколку на работното место не носат маски.

Министерството за труд на Србија нема да предложи никаква уредба со која ќе се оптерети економијата, туку ќе инсистира со уредба да биде подгинато нивото на лична хигиена, како и хигиената во работниот простор.

По повод написите кои се појавиле овие денови, во врска со доплнувањето на Уредбата во врска со безбедноста и здравјето при работа која сеуште не е усогласена. Курир.рс, дознава дека и понтаму стои тоа дека личната одговорност е на прво место, а мерките зависат од ситуацијата.

И понатаму важат препораките, во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести, според која граѓаните на Србија треба да водат сметка за первенција и лична хигиена, како и за одржување на дистанцата.

Во согласност со ставот на експертите кои нагласуваат дека најдобра заштита од корона вирусот се препораките и објаснувањето на граѓаните зошто е важно да ги почитуваат и со тоа да го чуваат сопственото здравје и здравјето на своите најблиски, како и на луѓето со кои се во контакт, нема да има никакво казнување на граѓаните.

Се поаѓа од тоа, што е во пракса и потврдено, дека казнувањето нема ефекти, туку дека вистинскиот ефект ќе ја има свеста за тоа дека здравјето е најважно.