ЕкономијаМакедонија

Нема да има пораст на минималната плата од 1 јули

Нема да има пораст на минималната плата од 1 јули - Работник
363views

Минималната плата нема да се зголеми од први јули, како што тоа го најави премиерот Заев. Економско-социјалниот Совет се уште преговара за износот, односно за колку ќе се зголеми минималецот. Засега не е донесен ниту конечен текст на измените на Законот. Од Министерството за труд не добивме конкретен одговор кога мерката ќе стапи во сила, извести Сител.

-Преговорите за зголемување на минималната плата се во тек со сите претставници на Економско-социјалниот совет, вклучувајќи ги и синдикатите и работодавачите. Заложбата на Владата е да ја зголемиме минималната плата и тоа да биде со одлука на сите засегна страни, велат од Министерството за труд и социјална политика, објави Сител.

Целосната објава можете да ја прочитате тука