МакедонијаСиндикат

Нема договор помеѓу СОНК и МОН, се очекува нова средба кон крајот на неделата

Нема договор помеѓу СОНК и МОН - Работник
135views

Нема договор помеѓу Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК околу процентот за зголемување на платите.

МОН и СОНК најверојатно ќе имаат средба до крајот на неделата. СОНК е оптимист дека ќе успеат да се договорат, а доколку тоа не го направат, просветните работници ќе влезат во генерален штрајк на 11 ноември.

Од министерството велат дека штрајк нема да има затоа што тие понудиле опција за која очекуваат дека СОНК ќе ја прифати.

Минатата недела СОНК го одби предлогот на Владата за раст на платите во образованието од 10 отсто. Тие побараа зголемувањето да биде од 1 јануари 2020 година и процентот да биде поголем од 10 проценти со оглед на тоа дека во декември минималната плата ќе се зголеми за 16 проценти, односно на 14,500 денари, а со овие 10 проценти би се пораманиле платите на неколку работни позиции во образованието, а со тоа би настанало и поголемо незадоволство.

Извор: Сител