Светот на работникот

Нема кој да седне зад волан: На Србија и фалат 8,000 возачи

Нема кој да седне зад волан - Работник
207views

На српските претпријатија им недостасуваат најмалку 2,000 возачи на автобуси и околу 6,000 камионџии, проценуваат здруженијата на превозниците.

Истовремено предупредуваат дека овој проблем од година во година ќе биде поголем, бидејќи истите маки ги мачат и нивните колеги од Европа.

Подготвуваат иницијатива, под одредени услови, да се намали границата за добивање на возачка дозвола за „Д“ категорија, а тоа ќе биде уште една тема за измената на Законот за безбедност во сообраќајот, пишуваат „Вечерни Новости“.

Според важечкиот закон, зад воланот на автобусот смее да седне само возач кои има навршено 24 години, додека ученикот во сообраќајна школа смее да вози камион од 18 години, по завршувањето на тригодишното школување.

„Учениците не можат моментално во текот на школувањето да се определат да бидат возачи на автобуси. Тие ја добиваат „Ц категоријата“, а после пет години можат да полагаат за „Д категорија“, објаснува Мирко Вучиниќ, Претседателот на здруженијата „Панона транспорт“.

„Ние предлагаме да постои избор и оние кои ќе завршат тригодишно сообраќајно школо да можат да добијат пробна дозвола на пет години. Тие би имале обврзна пракса од една година кај лиценциран превозник. Во тој период би смееле само да возат автобус без патници, при следење на возач кој има најмалку пет години“, вели Вучиниќ.