ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Нема кратење на платите во администрацијата, ребалансот на буџетот е во финална фаза

129views

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор?  Засега не, велат за Сител од Министерството за информатчко општетсво. Сепак, ставката за плати со ребалансот на буџетот може да биде намалена затоа што парите предвидени за нововработените ќе се скратат бидејќи овие вработувања нема да се реализираат.

Дополнителната заменичка министерка за администрација пак, тврди спротивно. Се заговара кратење на платите за да има пари за новите вработувања.

Со ребалансот чија подготовка е во последна фаза, нема да се чепка ниту во парите за капитални прокети, уверува министерот Сугарески.

Ребалансот засега е извесно е дека ќе ги крати трошоците кои не се приоритетни, а расходната страна на буџетот за оваа година го дозволува тоа.

Дупката во буџетот годинава заради корона кризата ќе биде три пати поголема од претходно планираното, ќе се полни главвално со задолжување заради што долгот ќе стигне до колу 60% од БДП.

Извор: Сител