ЕкономијаМакедонија

Нема одлука за покачување на минималецот на 15,500 денари, велат од Владата

Нема одлука за покачување - Работник
535views

По лавината реакции што се појавија во јавноста по информациите дека министерот за економија Крешник Бектеши најавил дека тој ќе порасне на 15.500 од владата денеска уверуваат дека станува збор за недоразбирање.

„Покачувањето на минималната плата е предвидено, но висината не е се уште утврдена бидејќи во тек се консултации со коморите и работодавачите.“ – е денешниот став на Бектеши, лиферуван од Владата.

И додека се чека одлуката за минималецот, она што е познато, а треба да се реализира со прекројувањето на државната каса следниот месец, е мерката за субвенции на придонесите за покачувањето на платите во приватниот сектор до 100 евра.. Веќе е дефинирано дека работодавачите ќе треба да плаќаат само персоналец, а останатите давачки ќе бидат на товар на државата. За оваа мерка, премиерот Зоран Заев викендов од собраниска говорница најави дека се планирани околу 40 милиони евра, објави Канал 5.

Целосниот текст можете да го прочитате тука