Правда

Нема сеуште реформи за основното образование

Нема сеуште реформи за основното образование - Работник
332views

Неизвесно е дали од Септември основците ќе имаат помалку часови, ќе учат по Кембриџ програмата и дали ќе одат на училиште во Сабота.  Mинистерството за образование се уште нема детали од кога ќе почнат да важат овие измени.

Од Институтот за педагогија се жалат дека нема доволно соработка помеѓу институциите, за да може да се промени состојбата во образованието.

Иако се директно и најмногу засегнати, педагозите добиваат малку внимание.

Измените на Законот за основно образование на јавна расправа беа ставени минатата година, но се уште немаат стасано во Собрание.

Тие предвидуваат и изменет број на учениците во паралелка, програми за спречување на дискриминација , подобрување на квалитетот на храната во училиштата.

Извор: Телма