ПравдаСветСиндикат

Немирите во Чиле не престануваат, уапсени се повеќе од 6,000 луѓе

Немирите во Чиле не престануваат - Работник
207views

Синдикатите повикале на дводневен штрајк за да се изврши притисок на Пинера, претприемач – милијардер, за да ги повлече војниците од улица и да ја покрене расправата за реформи со организациите на граѓани.

Стотици илјади луѓе во средата во Чиле протестирале против нееднаквоста, и покрај тоа што Претседателот Себастијан Пинера најавил пакет на реформи, пренесуваат локалните медиуми.

Собири, пресметки и грабежи се забележани во неколку градови. Во Антогофагаста на север, запалени биле два супермаркети, а во престолнината Сантијаго бил ограбен хотел во близина на плоштадот Италија, пренесува 24 Хорас.

Реформите кои Претседателот ги најавил во вторникот вклучуваат зголемување на пензиите и минималецот, помали цени на лековите и зголемување на данокот за најбогатите.

Немирите во Чиле започнале поради растот на цената на превозот на метрото од која во меѓувреме се откажале, но таа одлука не ги смирила демонстрантите.

Шест дена насилство однело барем 18 животи, покажуваат бројките кои порано во средата ги објавила Владата. Британската агенција Ројтерс пренесува дека се уапсени повеќе од 6 илјади луѓе.

Папата Франциск повикал на мир во таа јужноамериканска држава порачувајќи дека за „пронаоѓање на решение на кризите и потешкотиите кои се создале“ потребен е дијалог.