- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Неочекуван потег на најбогатиот човек

Неочекуван потег на најбогатиот човек - Работник
371views
Додека Белата куќа размислува да ги зголеми даноците на претпријатијата за прв пат во повеќе од 25 години, шефот на една од најголемите американски компании поддржува таков план.

Извршниот директор на Амазон и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, во изјавата во вторникот рече дека неговата компанија го поддржува зголемувањето на стапката на данок на добивка, пишува Си-Ен-Ен, пренесува index.hr

“Ние го поддржуваме фокусот на администрацијата на Бајден за смели инвестиции во инфраструктурата во САД. И демократите и републиканците ја поддржуваа инфраструктурата во минатото и добро е да работиме заедно за да го оствариме тоа. Свесни сме дека за оваа инвестиција ќе бидат потребни отстапки од сите страни поради специфичноста и начинот на финансирање“, рече Безос.

На администрацијата и требаат пари за амбициозен инфраструктурен план

Белата куќа поставува темели за покачување на стапката на данок на добивка над сегашното ниво од 21 процент за да помогне во финансирање на амбициозниот пакет за инфраструктурата. Во изјавата на Безос е забележана поддршката за ваквиот потег, додека многу други во бизнис заедницата предупредуваат дека тоа може да го загрози закрепнувањето од пандемијата.

Целиот текст на: b92.net