ПравдаСветот на работникот

Непал: Мигрантските работници од Катар се враќаат без пари

Непал: Мигрантските работници од Катар се враќаат без пари - Работник
202views

Минатиот јуни, истражувачката сторија од страна на Вестдојчер Рундфунк Колн (ВДР), германски јавен дифузер, ги откри грубите услови на мигрантите од Непал кои работеле на градењето на голем број на стадиони за Светскиот куп во фудбал во 2022 година кој ќе се одржи во Катар. Непалските работници биле пријавени дека живеат без пари или храна, во тесни простории со затворски услови.

Во август, непалските работници се приклучија на реткиот протест во Катар каде илјадници на градежни работници протестираа против продолжувањето на нечовечкиот третман во државата. Извештаите на медиумите покажаа дека мигрантските работници протестираа на улиците поради неисплатените плати и лошите услови. Во истиот месец, стотици непалски работници влегоа во штрајк откако нивните работодавачи не им дале валидни лични карти со месеци.

Овие примери покажуваат како експлоатирањето на мигрантските работници, вклучувајќи ги и непалските работници, продолжува во оваа богата држава. Ова е и тезата на најновото истражување од страна на Амнести Интернешнел кое е објавено на 17 септември.

Според истражувањето, илјадници на мигрантски работници сеуште чекаат да им се исплатат платите и надоместоците и покрај ветувањето на Катар дека ќе ги подобри работничките права.

Според Амнести Интернешнел, Катар е домаќин на 2 милини работници, но не ги исполнува меѓународните стандарди.