ЕкономијаПравдаСвет

Неплатена работа од 11 билиони долари

Неплатена работа од 11 билиони долари - Работник
113views

Светот почива на трудот на жените кои го извршуваат во домовите – неплатено и често незабележано.

Според новата студија, речиси половина од жените во светот немаат прилика да побараат платена работа бидејќи се врзани за домовите. И тоа започнува од мали нозе.

Петра имала 50 години кога ја напуштила постојаната работа во Берлин, барајќи некоја каде би била среќна. Никогаш не успеала. Најпрво нејзниот татко тешко се разболел, а потоа и нејзината мајка – Петра ги негувала родителите. Тоа практично е нејзината работа со полно работно време, работа без плата. „Сега спијам помалку отколку кога имав бебе“, вели таа за Дојче Веле.

Би можела родителите да ги смести во старечки дом, но вели дека тоа би и го скршило срцето.

„Премалку луѓе сфаќаат дека грижата за некого е навистина напорна работа“, велу Кристина Шален, медицинска сестра која нуди бесплатни курсеви во берлинската клиника Хелиос. „За професионалните негувателки тоа е работа со работно време од осум часа дневно. Но, за роднините тоа е работа од 24 часа дневно.

Курсевите како овој се популарни во Германија каде популацијата е се постара, а околу 70 отсто од старите и немоќни лица се негувани дома. Тој товар во главно паѓа врз жените од семејството. Во просек жените посветуваат по час ипол дневно повеќе на куќните работи отколку мажите – од кување, чистење до грижа за децата и старите.

Тоа значи дека жените во Германија не само што заработуваат помалку од мажите туку ги чекаат и значајно помали пензии бидејќи многу време трошат на неплатена работа во домовите. Помеѓу членовите на Организацијата за економска соработка и развој, Германија има најголема разлика во пензиите – мажите примаат дури 53 отсто повеќе пари од жените.

Уште е полошо во земјите на неразвиениот глобален југ, како Уганда, Зимбабве, Индија, Филипини…

Секојдевно жените ширум светот вложуваат 12 милиони часа работа во нега на деца и стари, како и во домашните работи. Кога таа работа би се плаќала со минимална плата на час во одредена земја, сумата би изнесувала неверојатни 11 билиони долари годишно.

До овие бројки дошла организацијата Оксфам во извештајот кој бил претставен во Давос.

„Не велиме дека треба да се платат сите овие 11 билиони на оние кои пружаат нега, но овие жени мораат да имаат материјална сигурност. Како општества тоа мораме да го препознаеме и финансираме“, рекла Елен Емке од Оксфам.

Еден од авторите на извештајот, Јерн Калински додава: „Добрата нега е темел за другите економски активности. Целиот економски систем не би функционирал без неа, а ние тој темел воопшто не го вреднуваме“.

Сексистичка нееднаквост

Нееднаквоста во светот е драстична. Сиромашната половина на планетата поседува само еден посто од светското богатство. Од друга страна, дури 45 отсто од светското богаство е во рацете на вкупно 2,153 милијардери. Но, дали постои врска помеѓу тие нееднаквости и неплатената работа која ја извршуваат жените?

Светскиот систем на економијата е сексистички, пишуваат авторите на извештајот од Оксфам. Часовите кои девојките и жените ги вложуваат во грижата за домаќинството во семејство го ограничуваат нивното образување и учеството на пазарот на трудот. Тие заработуваат малку или воопшто не заработуваат и со тоа ја губат шансата да станат финанскиски независни.

Според студијата, осумгодишните девојчиња трошат 30 отсто повеќе време на помош во куќните работи отколку нивните врсници помеѓу момчињата. Помеѓу десетгодишните, девојчињата помагаат 50 отсто повеќе. Тоа веќе ги зголемува шанските девојчињата да останат дома наместо да се образуваат и подицна да се вработат.

На светско ниво дури 42 отсто од жените вон пазарот на труд се врзани за домашните работи, додека кај мажите тоа е само случај со шест отсто од нив.

Оксфам заклучува: жените работат премногу и тоа често неплатено, без признание и невидливо.