ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Неславен рекорд на Шпанија – секој петти заболен е здравствен работник

Неславен рекорд на Шпанија - Работник
88views

Шпанија е прва во светот по бројот на здравствени работници заболени од корона вирусот, пренела агенцијата Хина.

Во Шпанија од корона вирусот се заболени 232,500 лица, од кои повеќе од 50,500 се здравствени работници.

Од ковид – 19 починале 76 лекари и медицински сестри. Речиси три месеци здравствените работници биле соочени со недостаток на заштитна опрема и преполни болнички одделенија.

Тестирањето започнало неодамна, па бројот на заразени би можел да биде и поголем.

Од вкупниот број на заболени во Шпанија, 22 отсто го сочинуваат здравствените работнци. Во Италија се 10 отсто, во Кина 3,8 отсто, а во САД 3 отсто, велат податоците на Европскиот центар за контрола и первенција на болестите (ЕЦДЦ).

Синдикатот на лекарите од Мадрид минатиот месец поднел тужба против Министерот за здравство поради загрозување на животи.