ЕкономијаМакедонија

Нето платата во април е зголемена за 3,5 проценти и изнесува 24.785 денари

Нето платата во април е зголемена за 3,5 - Работник
211views

Зголемена е просечната исплатена нето и бруто плата во април, оваа година во однос на истиот период лани, забележува Државниот завод за статистика.

Денешните објавени податоци покажуваат дека просечната нето плата исплатена по вработен во април изнесувала 2,785 денари, со што таа е за 3,5 проценти повисока во однос на исиот приод минатата година. Што се однесува на бруто платата, таа изнесува 36,796 денари, а бележи зголемување од 4,8 проценти.

Причината за зголемувањето на покачувањето се должи на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни дејности.

Во споредба со март, оваа година, зголемувањето на платата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Транспорт и складирање.