ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

„Нетфликс“ ќе издвои 100 милиони долари за филмските и драмските работници погодени од корона вирусот

„Нетфликс“ - Работник
45views
Нетфликс креираше фонд од 100 милиони долари за да ги поддржи креативните работници во Холивуд, чии работни места биле погодени од корона вирусот, а кои работат на филмови или ТВ продукции.

Најголемиот светски гигант рекол дека ќе потроши 85 милиони долари за да ги поддржи работниците кои работат во неговата продукција. Нетфликс издвоил 15 милиони долари за трети страни, како студија и телевизиски продукции и фонд за случај на катастрофа креиран од страна на најголемиот американски синдикат на актерите.

Студијата сопреле со нивните продукции низ светот, како одговор на корона вирусот, оставајќи ги актерите, сценаристите, возачите на камиони, звучните инженери и други работници без работа. Меѓународната алијанса на театарските вработени, синдикат кои ги претставува работниците во драмската и филмската индустрија, проценува дека 120,000 од нивните 150,000 членови веќе ги изгубиле своите работни места.