Правда

Неусогласени закони оставија 50 пензионери без пензија и без социјално осигурување

Неусогласени закони оставија - Работник
864views

Со 45 години бенифициран стаж како вработен во затворска полиција, Коле Ганзовски не може да си го оствари правото на пензија. Проблем е новиот закон за извршување  на санкции кој не е услогласен и доработен согласно законот за пензиско осигурување. По добиеното решение од затворот Шутка- Скопје каде го поминал работниот век, се обратил до ПИОМ од каде му ги вратиле документите со образложение дека не можат да утврдат пензија бидејќи во законот не е предвиден коефициент за исплата .

Сагата на Ганзовски по институциите трае веќе два месеци, период во кој тој нема ниту пензија ниту здравствено е осигуран. Поради здравствени проблеми прима редовна терапија која сега ја плаќа приватно, известува Сител.

Целосниот текст можете да го прочитате тука