Нехумани услови на плантажите: „Ако сакаме нормален живот, мора да работиме тука“
Мароко е една од ретките земји во кои расте дрвото араган.
Од неговите плодови се добива скапоцено масло кое последните години станало се позастапено во козметичката, но и прехрамбената индустрија.
„Овие плантажи за нас се единствена опција. Ако сакаме нормален живот, мораме да работиме тука“, објаснува Самира Чари, една од работничките на плантажите за масло од араган во Мароко.
Според предвидувањата, до 2022 година побарувачката за овој производ ќе биде се поголема. Така, само на американскиот пазар би можело да се извезуваат околу 19,623 тони масло вредно 1,79 милиони долари.
Попознато како мароканско масло или „течно злато“, како што го нарекуваат локалните жители, тоа е едно од главните состојки на маските за коса, средствата за во бања, кармини за усни, креми и шампони, а за производство на еден литар масло потребни се 40 килограми сув плод.
На околу 300 плантажи, колку што постојат во југозападниот дел на Мароко, бројни жени и понатаму на традиционален начин, поточно рачно од сувите плодови добиваат масло.
„Тоа е макотрпна работа. Работиме со два камења со кои ги удираме плодовите и седиме на подови во ладни куќи“, рекла Чари.
Колку и да е тешка и предизвикувачка оваа работа, ова и понатаму е едниствен начин за постигнување на еманципација и самостојност помеѓу Мароканките. Иако работодавачите на жените не им го ограничуваат работното време, без оглед на тоа дали работат од утро до вечер, тие месечно заработуваат помалку од 221 долар, што е далеку под просечната плата во државата, пренесува порталот Новац.
„Би сакала да пронајдам друга, подобро платена работа, но тоа е невозможно. На другите работни места условите се полоши. Едноставно речено, немаме друг избор“, рекла 37 годишната Чари.
По пред неколку години, жените ова масло го произведувале дома по што добиените производи мажите ги продавале на блиските пазари, а потоа сите пари би ги задржале за себе.
„На сите ни е јасно дека се работи за физички напорна и слабо платена работа, но овој систем и понатаму е подобар од претходниот. На овој начин жените конечно добија прилика за сопствена заработка која беше незамислива во минатото“, појснува Боуна, поранешна управителка на една фарма.
Како што наведува Би- Би – Си, со ниските плати и малите додатоци за пензии и здравствено осигурување во последно време се појавил уште еден проблем. Се поголемиот број на сопственици на плантажите не сакаат на работниците да им ги зголемат платите. Наместо тоа, вишокот на средства го вложуваат во туризам. Имено, на возачите на автобусите и таксистите фармерите им исплаќаат големи пари за да доведуваат туристи на нивните плантажи. По доаѓањето, покрај паричните додатоци, посетителите имаат прилика да го разгледаат имотот, но и да купат масло на лице место.
За проблемите на Мароканките проговорила и професорката по хемија на универзитетот во Рабат, Зубида Чаруф која истакнува дека овој проблем може да се реши дури во моментот кога поради се поголемата побарувачка за масло од араган и неговото прозводства ќе станат горчлив проблем кој негативно ќе се одрази и на индустриите кои го откупуваат.
„Ова е проблем за кој мора да се зборува, но без силни притисоци од страна на јавноста, тој и понатаму ќе остане како појава која е скриена далеку од остатокот на светот“, заклучила таа.