ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Не е сеедно каде работите во Германија: Разликата во саатнините е дури 15 %

   Време за читање 1 минута

Работниците од источна Германија и 33 години после обединувањето имаат, во просек, за 15 % помала саатина од вработените на запад.

Главната причина за тоа се разликите во економските структури, соопштил денес дрезденскиот огранок на Институтот за економски истражувања од Минхен.

„Многу луѓе од Источна Германија работат во индустрии каде што платите се ниски, а големите компании кои добро плаќаат овде речиси воопшто не се застапени“, изјавил Јаник Наурет од дрезденскиот огранок на ИФО.

Според мислењето на Јоахим Рагниц, тоа е причината поради која проширувањето на колективните договори на повеќе компании речиси и да не придонесува да се намали јазот помеѓу платите во истокот и западот на Германија.

„Останува да се види дали недодаменшното доаѓање на Тесла и други големи компании во источна Германија може на долг рок да го затвори јазот во платите“, вели Рагниц.

Работниците во западна Германија во 2022 година заработувале во просек 31,40 евра по час, а вработените во источна Германија (освен Берлин) – само 26,60 евра на час.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock