ЕкономијаСветСветот на работникот

„Не ни ја исплаќаат финансиската помош поради годишните одмори“

Не ни ја исплаќаат - Работник
69views

Здружението „Глас на претпримачите“ на Хрватска предупредило дека помошта за зачувување на работните места на претприемачите и занаетчиите не им е исплатена за јули, а на некои не им е сеуште исплатена ниту за јуни. 

Ова здружение спровело анкета. 

„Во анкетата која ја спроведовме помеѓу нашите членови дури 76 отсто од нив истакнале дека сеуште не им легнала финансиската помош за јули, додека 8 отсто сеуште не ја добиле помошта за јуни. Зборуваме за навистина голем процнет, а уште позагрижувачки е фактот дека средства има! Имено, така, во медиумите зборува министерот Мариќ, но очигледно таа не стигнува на адресите на корисниците. Надлежноста министерот ја префрла на Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ)“, наведуваат од „Гласот на претприемачот“. 

Истакнуваат дека и директорот на ХЗЗ во медиумите наведува дека помошта за јили ќе биде исплатена заклучно со 20 август и така не го гледа проблемот што доцни цел месец. Наведеното го објаснува со тоа дека вработените во ХЗЗ морале да ги усогласат годишните одмори, пренесува хрватски Индекс. 

„Недозволиво е да, очигледно поради годишните одмори, се остават корсниците на мерките без никакви средства за исплата на плати. ХЗЗ во оваа кризна ситуација мора да ги прилагоди своите ресурси и начинот на работата. На овој начин се создава додатен јаз помеѓу јавниот и приватниот сектор, бидејќи додека едни се на платен годишен одмор, другите немаат ништо“, велат од здружението. 

„Гласот на претприемачите“ предупредува и дека претприемачите и занаетчиите кои испраќале прашања и жалби до ХЗЗ, чекаат одговор повеќе од еден месец. 

„Во период во кој информациите им се најмногу потребни, до нив не можат да дојдат. Постојат, секако и исклучоци, но се чини дека организацијата внатре во самиот ХЗЗ потфрлила. Вчера во име на нашите членови ипративме прашања на оваа тема и до Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика. Чекаме одговор“, стои во соопштението на „Гласот на претприемачите“.