- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

„Не јадам, не се туширам, не спијам…“ – Банкарите во САД се молат да работат „само“ 80 часа

Влада: Минималната плата ќе продолжи да расте - Работник
315views

Недостаток на сон, повеќе од 100 часови работа неделно, третманот од страна на старите банкари, ментален и физички стрес…

Ова се некои од замерките на младите банкари за условите за работа во големата американска инвестициска банка „Голдмен Сакс“. 

На социјалните мрежи кружат резулатати од американската инвестициска банка „Голдман Сакс“ кое е спроведено помеѓу младите аналитичари во компанијата.

Младите банкари кои работат помалку од една година, тврдат дека се соочуваат со „нехумани“ услови за работа, пренесува Гардијан. 

Се жалат на работна недела од 100 часови и „малтретирање“ од страна на колегите, што, како што велат, сериозно влијае на нивното ментално здравје. 

Во истражувањето рекле дека во просек работеле 95 часа недело, во средина на февруари дури и до 105 и молат работното време да им се намали на 80 часови неделно. 

Истакнале дека спијат само пет часа навечер, пренесува РТС, откако легнуваат во три часот наутро. 

„Како во серијата Индустрија“

Презентацијата на истражувањето на 11 страни содржи и цитати во кои младите банкари го опишуваат канцелариското опкружување кое потсетува на неодамнешната серија на HBO „Индустрија“ која ги прикажува вработените во лондонска филијала на американска банка.

„Во еден момент не јадев, не се туширав или се бавев со било што друго освен што работев од утро до мрак“, навел еден аналитичар.

„Недостаток на сон, третманот од страна на постарите банкари, менталниот и физичкиот стрес… Поминав низ хранителство, но ова е многу полошо“, рекол друг анонимен соработник во истражувањето.

Гардијан наведува дека од содржината на истражувањето може да се види дека најмалку еден сектор во „Голдман Сакс“ и понатаму се бори со премногу часови на работа и стрес, што станало јасно кога во 2015 година се самоубил еден 22 годишен аналитичар.