ЕкономијаМакедонијаСиндикат

Нивелацијата е причина за доцнењето на платите на културните работници

Нивелацијата е причина за доцнењето на платите на културните работници - Работник
309views

Платата на културните работници доцни веќе три недели, а причината за тоа е нивелацијата на платите, најавена од Министерството за култура.

Порталот Работник го контактираше Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, за да побара став. Од таму рекоа дека со оглед на тоа што нивелацијата, што се спороведуваше по работни места во установите од културата, траеше во тековниот месец, заврши пред неколку дена со усогласување на спорните коефициенти на одредени работни места.

Од СОНК истакнаа дека е логично платата да доцни овој месец. Требаше да се земе до 15 во месецот плата, но поради ова што се случи, односно поради нивелацијата на коефициентите, земањето на плата се одложи за најмалку две недели.

„Фокус“ се обрати до Министерство, а од таму ни одговорија дека нивелацијата е исклучително тежок процес и дека се очекува платите да бидат исплатени до крајот на неделава.

„Ја разбираме вознемиреноста на вработените во културата, но истакнуваме дека процесот е во завршна фаза, односно до крајот на неделата се очекува да бидат исплатени платите во целост. За Министерството за култура е најважно сите средства да бидат исплатени согласно Законот и согласно колективните договори на институциите во културта. Целта е да бидат отстранети сите можни пречки, во насока на непречена исплата во иднина, соопштија од таму“.