ЕкономијаСвет

Низа на негативни фактори ја намалиле заработката на уште еден автомобилски гигант

Низа на негативни фактори - Работник
29views

Јапонската Хонда е најновиот произведувач на автомобили во низата на оние кои пријавиле слаба заработка поради намалената глобална побарувачка.

Како што е соопштено, профитот на компанијата во период од јули до септември е намален за 6,7 отсто во однос на една година порано, на 1,8 милијадри долари, по падот на продажбата на автомобили и моторцикли, прнесува агенцијата АП.

И неповолниот девизен курс и наштетил на заработката, се додава во соопштението на јапонскиот произведувач на автомобили.

Тромесечните приходи на Хонда се намалени за 2,9 отсто, на 34 милијарди долари, бидејќи потонала продажбата во САД, Јапонија, остатокот од Азија и во Европа.

А, и големите даночни трошоци негативно се одразиле на работните резултати.

Поради таа причина, Хонда ја намалила целогодишната прогоноза за нето добивка за фискалната година која се завршува во март 2020 година на 5,2 милијарди долари. Тоа е помалку во однос на 5,9 милијарди долари колку што очекувала во август и во однос на 610 милијарди јени заработни во претходната фискална година.

Од Хонда порачаа дека е потребно да се направи повеќе за да се намалат трошоците и наведуваат дека во тек е најавеното реструктуирање.