ЕкономијаМакедонија

Николоски: Со новиот ребаланс ако Заев и Владата потрошат 1000 денари, само 84 денари ќе вратат кај стопанството

Николоски: Со новиот ребаланс ако Заев и Владата - Работник
34views

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување на Алфа телевизија зборувајќи за ребалансот на буџетот рече дека од вкупниот буџет од 4,12 милјарди евра само 8,4 проценти ќе се потрошат за поддршка на стопанството и најпогодените од корона кризата.

Ако Заев и Владата потрошат 1000 денари, само 84 денари ќе вратат кај стопанството и кај оние кој што се најпогодени, што дава логично образложение зошто околу 40 илјади луѓе до денеска останаа без работа и некаде уште околу 20-25 илјади луѓе работат за минимална плата која што им беше скратена затоа што работодавачите не може да излезат во услови на криза, а во исто време буџетот оди како во црна дупка и никој не гледа каде се пумпаат пари од буџетот ама дефинитивно не одат во стопанството и затоа имаме ваква катастрофална политика какква што имаме, посочи Николоски.

Тој додава дека никој не треба да се чуди зошто најрелевантните светски институции Македонија ја ставаат на претпоследното место, само Белорусија е под Македонија, на поддршка од страна на државата до стопанството и граѓаните за справување со корона кризата.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ првата работа која требало да се направи е да се изградат објекти во делот на здравството, кој што кога ќе помине кризата ќе останат да им служат на луѓето. Второ, додаде Николски, дополнителна награда за здравствените работници за да бидат мотивирани. Трето, во делот на образованието да се обезбедат услови за онлајн настава, односно, да се купат компјутери за сите деца и наставниците затоа што сега децата на најсуров начин се соочуваат со сиромаштијата. Понатаму, јасна дистинкција на помошта по сектори за да нема вакви злоупотреби како што ги имаме.

Извор: Лидер