ЕкономијаМакедонијаСветСветот на работникотСиндикат

Нисан затвора фабрика во Барселона: 3,000 луѓе остануваат без работа, работниците протестираат

Нисан затвора фабрика во Барселона - Работник
145views

Јапонски Нисан одлучил во склоп со глобалното реструктуирање да затвори фабрика во Барселона.

Овој потег ќе доведе до губење на околу 3,000 работни места, објавила вчера шпанската влада.

Затворањето на фабриката во Барселона ќе го чини јапонскиот произведувач околу една милијарда евра, известила Владата, тврдејќи дека вложувањето во фабрика за Нисан била поевтина алтернатива.

Владата го повикала јапонскиот произведувач да земе во предвид други опции. Во јануари, по разговорите со шефовите на Рено и Нисан, објавила дека сигурноста на работните места во фабриката е „загарантирана“, потсетува Ројтерс.

„Јасно е дека жалиме поради таквите одлуки“, рекол министерот за економија, Надио Калвино за телевизијата ТВЕ, порачувајќи дека Владата ќе ги продложи разговорите со Нисан и локалните и регионалните власти за да се најде алтернативно решение.

Затворањето на фабриката е тежок удар за Шпанија која е притисната од растот на невработеноста и длабоката рецесија по корона кризата, пишува порталот Индекс.

Компанијата одвоено објавила дека во фискалната 2019 година, работела со нето загуба од 671,2 милијарди јени (6,2 милијарди долари) поради падот на продажбата, трошоците за реструктирање и последици од пандемијата на коронавирусот.

Приходите паднале за 14,6 отсто, на 9,900 милијарди јени. Компанијата во тој период продала вкупно 4,93 милиони возила, што претставува пад од 10,09 отсто во однос на претходната фискална година.

Синдикатите предупредуваат

Foto: Epa/Andreu Dalmau

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во глаавната фабрика на Нисан во Барселона вработени се околу 2,4000 работници, како и уште околу 600 во поврзаните погони. Ова е главната фабрика на Нисан во Европа, по таа во Британија.

Синдикатите предупредуваат дека нејзиното затворање индиректно би можело да погоди и до 25,000 работни места.

Производството само делумно е продложено

Foto: Epa/Alejandro García

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Имено, работниците на Нисан протестираат од почетокот на мај поради тоа што јапонската компанија по ублажувањето на мерките на карантинот само делумно продложлила со производството кое било привремено сопрено поради пандемијата, потсетува Ројтерс.

Во фабриката во Барселона во главно се произведуваат електрични комбиња и камионети, а се работи далеку помалку од максималните капацитети. Работниците штрајкуваат од почетокот на мај, жалејќи се дека не постои јасен план за работење.

Foto: Epa/Enric Fontcuberta