ЕкономијаСветСветот на работникот

Ни пандемијата не ја сопре Германија да ја зголеми минималната плата

Ни пандемијата не ја сопре - Работник
269views

Минималната плата на работниците во Гераманија требало да се зголеми за речиси 12 проценти и да од денешните 9,35 евра достигне 10,45 евра по час до средина на 2022 година.

И покрај пандемијата на вирусот Ковид – 19, минималната плата „не смее да заостанува“, изјавил еден од министрите во Владата, известува Дојче Веле.

Зголемувањето на минималецот ќе биде спроведено во неколку фази, при што првиот скок ќе биде на почетокот од следната година, на 9,50 евра по час, потоа на средина од годината на 9,60 евра, по што ќе следува зголемувањето на почетокот од 2022 година на 9,82 евра и конечно на 10,45 евра од средина на годината.

Преговорите за зголемувањето на минималната плата биле делумно напнати, бидејќи членовите на надлежната државна комисија влегле во конфликт по прашањето за износот на зголемувањето, истакнал шефот на комисијата, Јан Зилијус.

Сепак, по продолжувањето на разговорите и откажувањето на прес – конференциите во последен момент, претставниците на работодавачите и синдикатите постигнале едногласен договор по тоа прашање, кој во вид на препорака ќе се достави до Владата за усвојување, се наведува во информацијата.

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл рекол дека Владата ќе ја спроведе таа препорака.

Германија ја вовела минималната плата на почетокот од 2015 година и тогаш изнесувала 8,50 евра по час.