ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ни социјалните мрежи не се имуни на короната: Една отпушта 960 работници

Ни социјалните мрежи - Работник
100views

Професионалната мрежа на Мајкрософт за вработување, Линкедин, вчера соопштила дека ќе укине 960 работни места.

Тоа е околу шест проценти од нејзината глобална работна сила, бидејќи пандемијата на коронавирусот настојува да влијае на падот на корпоративната побарувачка за вработување.

Линкедин, со седиште во Калифорнија, им помага на работодавачите да ја проценат подобноста на кандидатот за некоја работна позиција, а поединици ја користат платформата за да најдат нова работа.

Укинувањето на работните места во Линкедин ќе ги опфати секторите за продажба и регрутирање на кадри ширум светот, известува Ројтерс.

Најавувајќи го овој нов план во порака објавена на веб страната на Линкедин, генералниот директор Рајан Рослански навел дека компанијата ќе обезбеди отпремнини во износ од најмалку 10 неделни плати, дека на вработените во САД ќе им плаќа здравствено осигурвање уште една година и дека отпуштените работници ќе ги вработи на новите работни места кои ќе се отворат.

Погодените вработени кои сеуште не се известени за отказите, ќе може да ги задржат службените мобилни телефони, лаптопите и неодамна купената опрема која ќе им помогне да работат од дома додека бараат прилика за нова работа и промена на кариерата, рекол Рослански.

„Доколку не добиете повик за состанок, на вас оваа одлука за промените, директно не се однесува“, порачал тој на вработените.